Press "Enter" to skip to content

Елмир Граџан: Мешков е добра екипа, но ние сме во добар период

Денес во 2о,15 часот во спосртската сала “Боро Чурлевски“ во Битола ќе се одигра четвртфиналниот натпревар од СЕХА лига, што е последната пречка за две екипи, Еурофарм Пелистер и Мешков брест, да дојдат до “фајнал форот“ во Задар. Иако имаше најава дека ќе има публика во салата во Битола, сепак тоа е одложено за некое друго време.

Екипата на домаќинот не го има епитетот фаворит, но според она како се подготвуваат ракометарите ќе биде неизвесно. Досега гостите имаат две победи над битолчани,  а Елмир Граџан со свој коментар пред овој натпревар и вели:

-Мешков Брест многу добро го познаваме, одигравме неколку натпревари и во Битола и во Брест и мислам дека се квалитетни, за што говори и нивниот успех. Ги краси многу брза игра, брза транзиција. Колку што можевме се спремивме, гледавме многу видеа за противникот. Брзо дојде до официјални натпревари сезонава, го освоивме и Суперкупот и донесовме трофеј во Битола по шеснаесет години. Одигравме турнир во Струга и мислам дека бевме многу добар противник за Вардар, требаше и да победиме и да го освоиме втора година по ред тој турнир. Многу добар период е зад нас и само треба да продолжиме во тој ритам.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »