Press "Enter" to skip to content

Бабиќ по поразот во Битола: преземам одговорност, потфрливме на терен, бевме уморни и емоционално празни

По завршувањето на четвртфиналниот натпревар од СЕХА лигата во Битола, на официјалната прес конференција зборуваат двајвата тренери на Еурофарм Пелистер и Мешков Брест.

Жељко Бабиќ, тренерот на битолската екипи, даде коментар по натпреварот за причините за поразот (27:31) на домашен терен и рече дека неговиот тим покажал слабост, делувал уморно и бил емоционално празен.-Честитки за екипата на Мешков Брест за победата. Ние бевме уморни и емоционално празни од случувањата во последните две недели. Но, тоа е моја одговорност. Преземам одговорност, и јас, и мојот стручен штаб и за физичкиот и за тактичкиот дел. Потфрливме вечерва, иако треба да се напомене дека игравме против одлична, искусна и физички моќна екипа. Имаме доволно време да се поправиме и во гости  да одиграме многу подобро. Убеден сум дека ќе излезе на терен друг Еурофарм Пелистер идниот викенд и ќе се претстави подостоинствено од вечерва, изјави Бабиќ по натпреварот.

Вториот четвртфинален натпревар меѓу Мешков Брест и Еурофарм Пелистер кој ќе го даде патникот на “Ф4“ турнирот во Задар се игра на 29 август во Белорусија.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »