Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: ноќеска 18 пијани возачи исклучени од сообраќај, пронајдени стари гранати

Синоќа (21/22.08.2021) во периодот од 22 од 04 часот спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на подрачјето на СВР Битола, при што санкционирани се 18 возачи. Тие биле исклучени од сообраќај.
 Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР.

На 21.08.2021 во 16.40 часот во СВР Битола, Д.К. пријавил дека при вршење ископ на ул. “16 – та“ во Битола биле пронајдени две експлозивни направи. Полициски службеници излегле на местото, а од пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување експлозивите направи биле безбедно подигнати и било констатирано дека се работи за неексплодирани артилериски гранати со калибар 105 мм од Првата светска војна.

 

 

More from ВестиMore posts in Вести »