Press "Enter" to skip to content

Двајца возрасни битолчани се удавија на плажата Спиле, кај Драч, Албанија

Телата на двајцата државјани на Македонија се пронајдени починати во морето близу Каваја, соопшти Министерството за надворешни работи по добивање информации од нашата Амбасада во Тирана.

Двајца се мажи на возраст од 77 и 79 години од Битола. Според информациите од нашата амбасада во Тирана, надлежните органи на Република Албанија работат на целосно расчистување на случајот. Министерството за надворешни работи останува во контакт со албанските власти преку нашата амбасада, велат од МНР.

Според албанските медиуми се работи за двајца блиски пријатели кои дошле заедно со група од 52 туристи на одмор во Албанија. Попладнево тројца од нив влегле во морето, но само еден успеал да излезе.

More from ВестиMore posts in Вести »