Press "Enter" to skip to content

Битолчанките, како македонската репрезентација во куглање, 10-ти на Светското првенство во У-18

Македонската репрезентација во куглање во У-18 на светското првество во Словенија денес го имаше својот прв настап во категорија екипно.

Битолчанските Андреа Велјановска, Емилија Переска, Стефанија Алексовска и Ивана Трајчевска, денес соборија вкупно 1.985 дрвца, а поединечно Велјановска 477, Переска 494, Алексовска 532 и Трајчевска 482 дрвца, што беше доволно за 10 место.

Стефанија Алексовска според постигнатиот резултат е рангирана највисоко на 24 место на табелата.

Игор Михајловски, тренер и селектор на репрезентацијата, уште пред почетокот на првенството најави дека ќе биде тешко во Словенија, бидејќи се дебитанти, но девојките ќе имаат можност да ги измериме силите со другите нации, но и дека тремата ќе биде нивниот најголем непријател, а по се изгледа тоа се случи.

Следната прилика да покажат што знаат девојките ќе ја имаат утре кога се натпреварите во тандем.

More from СпортMore posts in Спорт »