Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола нови 2 позитивни на ковид-19, оздравени 6, починато 1 лице

Министерството за здравство информира, а согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 3.022 тестирањe, а регистрирани се 333 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Битола се 2.

Регистрирани сe 367 оздравени пациенти од Битола се 6 лица.

До сега во Битола има 6.551 лице кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 189 случаи.

Пријавени се 27 починати лица од кои едно лице е од Битола на возраст од 56 години.

Досега во земјата се направени вкупно 1.111.451 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 169.202, бројката на оздравени пациенти е 152.465, на починати е 5.695, а бројот на активни случаи изнесува 11.042.

More from ВестиMore posts in Вести »