Press "Enter" to skip to content

Со потпишување на меморандум и изложба на започна колонијата “Де Ниро“ – Битола (фотогалерија)

-На отворањето потпишан меморандум за соработка со Меѓународното графичко триенале од Битола и беше свечено отворена меморијалната изложба на ликовни дела од Миливоје Новаковиќ – Кањош.

-Колонијата ќе се одржува на неколку локации во Битола

Денес, на пладне во Културниот центар на Меѓународна колонија „Де Ниро“ во село Цапари, започна Меѓународна колонија “Де Ниро“ – Битола, која ќе се одржува и на различни локации низ Битола. На колонијата учествуваат ликовни уметници од Германија, Србија, Саудиска Арабија, Црна Гора, Грција и Македонија.Колонијата за отворена ја прогласи Драги Филевски, основач на колонијата, а претходно беше потпишам меморандум за соработка со Меѓународното графичко триенале, и беше свечено отворена меморијалната изложба на ликовни дела од Миливоје Новаковиќ – Кањош, врвен ликовен уметник и прв уметнички директор и еден од двигателите од самите почетоци на Меѓународната ликовна колонија “Де Ниро“.-Чест ми е ве поздравам со искено добредојдовте, и во благодарам во име на семејството Филевски и уметничкиот совет, и ви посакуваме да се чуствувате пријатно и удобно во ова место. Работата во ова заедничко атеље на уметниците да биде покративна се потрудивме да има и други активности, а ќе се вклучиме и во проектот на “ОХО“ со концерт и изложна на тема “По патот на Виа Игнација“, ќе имаме „Ден на уметноста“, во чест на Благоја Стефановски-Баге, еден од бардовите на македонската култура, рече Панде Петровски, координатор на колонијата “Де Ниро“.Потшишан беше и меморандум за соработка со Соработката Меѓународното графичко триенале од Битола, која веќе е почната.-Еден од најзначајните организатори на изложби од Њујорк, побара соработка со “Де Ниро“, а веќе идната година во 2022 година ќе се организира изложбата “Уметноста на Азија, Африка и Медитеранот“, а главен акцент ќе биде ставен на Триеналето и колонијата “Де Ниро“. Денес на свечен начин тоа го офизицијализаме и се побратимуваме, рече Владо Ѓоревски, кој рече дека покрај ликовна колонија сега се создава меѓународен центар на современа уметност,  графичко струдио, ќерамичка работилница, нешто кое ретко се среќава во денешните времиња, а ќе ни престојат многу сериозни проекти со Колонијата.Организаторот на Колонинијата, Драги Филевски, кој свечено и ја отвори работата на уметниците, рече: -Оваа колонија е ништо без уметниците и нормално луќето кои помагаат таа да се случи. Уметниците се како златен прав, не ги гледате, но ни е преубаво кога гледаме како го испуштаат. Оваа колонија годинава има многу работи, а ќе започнам со мозаикот кој го почнува Мирослав Масин. Минатата година се збратимивме со арт-поинт “Гумно“, а ќе направиме изложба во центарот на Битола на Широк Сокак, насловена како “Азбука“ на Сергеј Андреевски, посветена на Блаже Коневскии и додаде:-Сакам посебно да му се заблагорам на моето семејство сопругата Силвана, Марио и Марко и сите кои ни ја даваат поддршката сите овие години.Филевски ги претстави и уметниците кои е творат во Битола оваа година, а ги има од многу земји, а во име на сите низ се заблагодари, специјалниот гостин Јордан Манасивски од Охрид, на семејството Филевски и дека би сакал тој и уметниците да има повеќе вакви одлични колонии не само во Македонија, и во Светот.На крајот беше отврорена меморијаната изложба на  Миливоје Новаковиќ – Кањош, врвен ликовен уметник и прв уметнички директор и еден од двигателите од самите почетоци на Меѓународната ликовна колонија “Де Ниро“, кој за жал во 2020 го напушти земскиот свет. Изложбата ја отвори Драган Ангелковиќ, член на советот на Колонијата, кој прочита неколку рецензии посветени на уметникот. Инаку, во текот на овие 17 години на колонијата учествувале околу 200 ликовни уметници од 30 држави од Европа и Светот кои досега создале речиси 500 уметнички дела. Токму оваа година од колонијата, треба да произлезе јубилејното, 500-тото по ред уметничко дело.

Текст и фото: С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »