Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола 32 нови позитивни на ковид-19, оздравени 8, активни 213 случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 7.084 тестирањe, а регистрирани се 1.210 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Битола се 32.

Регистрирани сe 451 оздравени пациенти од  Битола се 8.

До сега во Битола има 6.583 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 213 случаи.

Пријавени се 32 починати лица, нема од Битола.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 131, а преку “Плодност“ 76 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.118.535 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 170.412, бројката на оздравени пациенти е 152.916, на починати е 5.727, а бројот на активни случаи изнесува 11.769.

More from ВестиMore posts in Вести »