Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведени двајца битолчани кои палеле оган кај “Бимбил Камен“, 60 битолчани возеле без возачка и побрзо

На 24.08.2021 на регионалниот пат Битола-Ресен, кај место викано „Бимбил камен“, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода В.Ј. (51) од с. Дихово и К.И. (33) од Битола. На местото, во близина на борова шума, тие запалиле оган со што постапиле спротивно на член 288 од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 23.08.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена засилена контрола во областа на сообраќајот, при што било констатирано дека 49 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, 11 возачи управувале возило без возачка дозвола, две возила биле со измината регистрација, тројца возачи управувале возило под дејство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »