Деновиве во “Магазата“ во Битола беше отворена прва самостојна изложба на Симона Стојкобвска од Битола, насловена како “Шепотот на мојата душа“.
Изложбата ја отвори м-р Гордана Димитријевиќ – Лазаревска, познат културен работник од Битола, која на отворањето рече:
-Симона е лице со оштетен вид и за прв пат почна да слика пред година и половина во време кога започна да се шири вирусот ковод-19. Фасцинира фактот што таа вложува многу труд во сликањето кој е немерлив и неспоредлив со ничиј друг. Исто така и краткиот временски период во кој успеа да создаде една бројка на дела која не е занемарлива, како и возраста на која го изнесе на површина нејзиниот талент кој тлеел во неа уште од детството. Во нејзините дела е вложено многу труд и емоции, за што зборува и насловот на изложбата.
Сликите кои се изложени во “Магазата“ воодушевуват, нејзините пејзажи, прекрасни цвеќиња, ликови на жени и девојки, сцени со најблагородните животни, коњи, лебеди, птици… го привлекуваат вниманието на сите.
За сликите Симона само кратко кажа: моите слики, тоа сум самата јас, а додаде дека е среќна бидејќи нејзините слики се изложени во изложбен простор, а и поради тоа што ги видоа голам број на битолчани, од кои доби само пофални зборови.
Симона, како за неа зворуваат луѓето около неа, таа е личност кај која нема падови, туку само растежи, која успева тешките моменти да ги претвори во нови видици и можности и жена од која треба да се учи. Ја охрабруваме и натаму да твори и да не почести со нови дела.

Симона Стојковска со прва самостојна изложба “Шепотот на мојата душа“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола денес започнува првиот фестивал посветен на чалгијата, пајтонско дефиле во 18 часот
- Општина Битола: дежурства на инспекторатот и за неработни денови и викенди
- Во Битола сончево, попладне можност за нестабилност, температурата до 30 степени
- На 16 седници, 14 редовни и 2 вонредни, советниците имале 475 дискуции, донеле 171 одлука…
- Уапсени тројца битолчани, со оружје затекнати во строго заштитена зона на Пелистер
More from КултураMore posts in Култура »
- Во Битола денес започнува првиот фестивал посветен на чалгијата, пајтонско дефиле во 18 часот
- Изложба “Жив ѕид“ на Никола Крнчев и Раде Најдовски за јубилејот 25 години фрескоживопис (фотогалерија)
- „Ткајачи на филм“ е темата на визуелниот идентитет на 47. издание на фестивалот ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола
- Свеченото претставување на поетскиот и духовен еп „Крстот на Охрид и Светлината на Вечноста“ од проф. д-р Зоран Пејковски од Битола во Охрид
- По Загреб и Битола утре триото “Интерарт“ со концерт во Рим









