Press "Enter" to skip to content

Кампања за зголемување на бројот на запишани ромски деца во прво оделение (фото)

-Основното училиште “Ѓорѓи Сугарев“ – Битола,  “Сумнал“ – здружението за развој на Ромската заедница, Министерство за образование и проектот БАИР- Здружена акција на Битола за вклучување на Ромите носители на кампањата.

Денес во основното училиште „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола се означи почетокот на локалната кампања за зголемување на бројот на запишани ромски деца во прво оделение и зголемување на бројот на ромски деца кои посетуваат основно училиште.  Кампањата се реализира во соработка со Основното училиште „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола,  „Сумнал“ – здружението за развој на Ромската заедница, образовните медијатори при Управата за развој и унапредување на образованието при Министерство за образование и проектот БАИР- Здружена акција на Битола за вклучување на Ромите, финасиски поддржан од Европска Комисија.Иако децата Роми, според некои важечки закони, се обврзани да посетуваат училиште, тие не се запишани во прво одделение во основно училиште поради социјалниот статус на родителите Роми, нивното образовно ниво и културните карактеристики. Како последица на тоа, многу од децата што треба да се запишат во основно образование остануваат нерегистрирани во прво одделение. За промена на моменталната состојба, започнува оваа кампањата која ќе трае до почетокот на месец октомври. Кампањата ќе вклучува работа на терен, директна комуникација со родителите, планирани се работилници за родителите, средби со наставници и училишниот персонал.

Позитивните односи родител-дете формираат важна позадина за мотивација во училиштето. Важна компонента на кампањата е разговорот со родителите на децата кои треба да се запишат во прво одделение, подигнувајќи ја нивната свест за важноста на образованието и последиците со кои би се соочиле доколку не го запишат своето дете во основно училиште, како и казната што следи доколку детето не оди на училиште. На родителите ќе им се понуди помош во периодот на запишување во однос на собирање и подготовка на нивните документи за упис и доколку е потребно, ќе бидат придружувани од лице од центарот до училиштето за запишување на децата,  истакнаа одговорните лица од проектот.

На 1 септември планиран е “Музички хепенинг” во основното училиште „Ѓорѓи Сугарев“ , на кој за сите запишани првоодленци ќе бидат обезбедени подарок- ранци со почетен училишен прибор преку проектот БАИР- Здружена акција на Битола за вклучување на Ромите.

More from ВестиMore posts in Вести »