Press "Enter" to skip to content

Во Битола 23 нови позитивни на ковид-19, оздравени 9, хоспитализирани 28 лица, активни 236 случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 5.982 тестирања, а регистрирани се 1.082 нови случаи на КОВИД-19, од кои во Битола се 23.

Регистрирани сe 492 оздравени пациенти од кои од Битола се 9.

Денеска бројот на хоспитализирани лица на инфективното одделение во Битола е 28, а во амбулантата на инфективното одделение имало 80 прегледи.

До сега во Битола има 6.623 лица кои биле или се позитивни на ковод-19, а активни 236 случаи.

Пријавени се 27 починати лица, нема од Битола.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 83 и преку “Плодност“ 68 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.130.975 тестирање на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 172.657, бројката на оздравени пациенти е 153.640, на починати е 5.782, а бројот на активни случаи изнесува 13.235.

More from ВестиMore posts in Вести »