Press "Enter" to skip to content

Ѓуровски и Караџовски за одлуката да играат во Битола, за “АБА-2“ лигата, за проектот Пелистер 2021/22

Кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола синоќа ги започна подготовките за наредната сезона, а на првиот тренинг се појавија шесте засилувања меѓу кои Димитар Караџовски и Стојан Ѓуровски.

Димитар Караџовски е повратник во Битола, настапуваше во 2006 година во зелено белиот дрес, а  новиот проект на КК Пелистер по тренингот ни рече:-Многу ми е мило што ваков еден град доаѓа до едно вакво кошаркарско ниво, да изгради една ваква екипа. По петнаесет години ова е мое враќање во Битола и најмногу пресудија амбициитге на клубот, градот и атмосферата во него. Тоа е голем предизвик и со големо задоволство доаѓам тука. Ќе биде тешка сезона, ќе се соберат доста натпревари, но прво здравје, а потоа со поголем фонд на играчи, подобра атмосфера и хемија во екипата можеме да направиме успех. Многу од кошаркарите играле во АБА лигата, мене ќе ми биде првпат, но со оглед на годините и искуството што го имаме, мислам дека добро ќе пројдеме“, ни рече Караџовски. 

Македонскиот репрезентативец Стојан Ѓуроски се врати на домашната сцена. По три години облече дрес на еден македонски клуб, а за понудата на Марјан Илиевски вели дека не можел да ја пропушти.-Секоја година кога имав надвор имаше шпекулации и преговори со македонски екипи, но секогаш тие услови за надвор беа подобри и на некој начин предизвик. Но, по неколку сезони одиграни надвор, ми треба малку време да се вратам и да имам време со моето семејство. Дојде понудата од Илиевски, која тешко беше да ја одбијам, затоа што сум имал претходно соработка. Ми објасни за каков сериозен проект се работи. Имаме одлична група на играчи, со перфектна организација. Ми се допаѓа како тече проектот, а за освојување на титули не сакам да зборувам предвреме. Имаме сериозен тим, која со сериозен пристап во секој меч може да дојде до еден задоволителен резултат, кој за настапот во АБА-2 лигата. додава:

-АБА-2 е одлична лига. Посилна на физички план. Ќе ни биде отскочна даска за домашната сезона каде има доста квалитетни екипи. Очекувам да биде изедначено. Ќе ни биде малку потешко поради сите патувања и гостувања, но и за нас ова ќе биде еден тест за да видиме до каде сме споредено со екипите од нашите соседни држави“, заврши македонскиот кошаркар.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »