Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола нови 17 позитивни на ковид-19, оздравени 11, хоспитализирани 31

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 6.654 тестирањe, а регистрирани се 1.037 нови случаи на КОВИД-19 од кои од Битола се 17.

Регистрирани сe 534 оздравени пациенти од кои од Битола се 11.

Денеска тројца пациенти повеќе на инфективното одделение во Битола 31. На инфективното одделение во Битола има 31 хоспитализирани пациенти, на  инфективното одделение имало 55 прегледи.

До сега во Битола имало 6.640, а активни 242 случаи.

Пријавени се 36 починати лица, нема од Битола.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 96 и во “Плодност“ 81 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.137.629 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 173.689, бројката на оздравени пациенти е 154.174, на починати е 5.818, а бројот на активни случаи изнесува 13.697.

More from ВестиMore posts in Вести »