Press "Enter" to skip to content

Во Битола нови 27 позитивни на ковид-19, оздравени 14, хоспитализирани 23

Во последните 24 часа се направени 7.452 тестирањe, а регистрирани се 978 нови случаи на КОВИД-19, од кои во Битола се 27.

Регистрирани сe 524 оздравени пациенти од кои од Битола се 14.

Денеска бројот на хоспитализирани пациенти на инфективното одделение во Битола е 23.

Досега во Битола 6.667 лица кои до сега биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 254 случаи.

Пријавени се 24  починати лица од кои од Битола е едно лица на 70 година.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 97, а преку “Плодност“ 107 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.145.081 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 174.667, бројката на оздравени пациенти е 154.698, на починати е 5.842, а бројот на активни случаи изнесува 14.127.

More from ВестиMore posts in Вести »