Press "Enter" to skip to content

Изненадување во Битола, Пелистер ремизираше со Шкендија

Пелистер – Шкендија 2:2 (1:1)

Екипата на Пелистер од Битола, денес под Тумбекафе наспроти сите очекувања одигра нерешено против големиот фаворит, екипата на Шкендија, 2:2 и со тоа во петтото коло го освои првиот бод во оваа сезона, по четири порази.

Капинковски на стартот на натпреварот во огра ги внесе Вецески, Јуфо и Исмаили, а со ваков состав на старот имаа две шанси, а “пелистерци“ бараа и пенал. Но први поведоа фудбалерите на Шкендија  во осмата минута кога по корнер погоди Рамадани. Во првиот дел голманот на Пелистер, Трајчевски одбрани на два пати на Рамадани и Дориев. Пелистер израмни во 39. минута, кога од дваесет метри Јуфо од изведе слободниот удар, погоди за 1:1.

Пелистер и во второто полувреме продолжи со одличната игра, а во 63. минута од пенал погоди за 2:1. Во 79. минута Шала ја искористи одличната асистенција на Елези и погоди за конечни 2:2.

Во следното коло по репрезентативната пауза, Пелистер гостува во Велес, кај Борец.

More from ВестиMore posts in Вести »