Press "Enter" to skip to content

Марко Кизиќ, голман на Еурофарм Пелистер: не сме без шанси, најважна ќе биде желбата за победа

Утре, недела ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола, со почеток во 16 часот по македонско време, ќе го играат реванш натпреварот од четвртфиналето од СЕХА лигата, против Мешков Брест. Тие веќе се во Белорусија и денес ќе го имаат и официјалниот тренинг.

По поразот во Битола, со минус 4 гола, ракометарите на Еурофарм Пелистер отпатуваа со оптимизам на реваншот, а голманот Марко Кизиќ пред патувањето за Брест, рече, дека екипата добро ја одработила неделата пред патот и додава:

-Загубивме, но не со голема разлика за да се откажеме. Напорно работевме неделава, нема што да загубиме, треба да се бориме и да се надигруваме. Можеме да стигнеме до позитивен резултат.  Мешков Брест е квалитететн тим. Сепак се четвртфиналисти на Лигата на шампионите. Имаат играчи од калибарот на Скубе, Кашпарек, Ваилипау. Имаат квалитетни индивидуалци, но не значи дека ние немаме доста квалитетни играчи и најважно ќе биде кој повеќе ќе сака да победи.

More from ВестиMore posts in Вести »