Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола 18 нови позитивни на ковид-19, оздравени 9, активни 263 случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 4.618 тестирањe, а регистрирани се 674 нови случаи на КОВИД-19, од кои во Битола се 18.

Регистрирани сe 403 оздравени пациенти од Битола се 9.

До сега во Битола има 6.685 лица кои биле или се позитивни на ковод-19, а активни се 263 случаи.

Пријавени се 27  починати лица, нема од Битола.

Направени се ЦЈЗ Битола 85 и преку “Плодност“ 104 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.149.699 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 175.330, бројката на оздравени пациенти е 155.101, на починати е 5.869, а бројот на активни случаи изнесува 14.360.

More from ВестиMore posts in Вести »