Press "Enter" to skip to content

Бабиќ и Периќ по елиминацијата од СЕХА: Брест е подобар тим и заслужено е во “Ф4“

Вчера по поразот од Мешков Брест во Белорусија, екипата на Еурофарм Пелистерод Битола, ги заврши настапите во СЕХА-лигата, а беа поразени по вторпат загубија со 35:31. Тренерот Жељко Бабиќ го коментира мечот во Белорусија и кажа дека постои голема разлика меѓу двата тима:

-Честитки за Мешков Брест за победата. Мислам дека има голема разлика меѓу екипите од Лигата на шампионите и од Европската лига. Мотор е посилен од Татран, Веспрем е посилен од Нексе. Мешков Брест е посилен од нас и така натаму. Квалитетот на игра е различен и тоа ги носи резултатите. Благодарам и многу среќа во иднина“, изјави Бабиќ по натпреварот.

По натпреварот, своето мислење и честитки за противничката екипа имаше Јосип Периќ, кој рече:

-Честитки за нашиот противник. Игравме лошо во првото полувреме, направивме многу технички грешки и не постигнавме толку голови колку што ни беа потребни. Одигравме многу подобро во второто полувреме. Сепак, генерално гледано, Брест беше подобар тим и заслужи да игра на Ф4 во Задар.

Битолчани го завршија настапот во регионалната лига, а продолжуваат на три фронта, во Суперлигата, СЕХА и Европската лига на ЕХФ. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »