Press "Enter" to skip to content

Во Битола, Габи, Паљото и Ристенка ги собраа потписите, Ремзи Медиќ има шанса до полноќ

На полноќ завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за градоначалници и советници за локалните избори закажани на 17 октомври. За овие избори во Битола за собирање на потписи се пријавија три листи за кандодати за советници и една листа за кандидат за градоначалник. 

За независни кандидатури за Битола, потписи имаат собрано:

-Зоран Лазаровски-Паљо, кандидат за градоначалник на општина Битола

-Група избирачи Габриела Илиевска, листа на кандидати за членови на совет на општина Битола,

-Група избирачи Ристенка Алтипармаковска, листа на кандидати за членови на совет на општина Битола,

До вечер до 24 часот шанда да ги дособере потписите има лисата на Група избирачи Ремзи Медиќ, листа на кандидати за совет на општина Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »