Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: залутан куршум завршил на “шофершајбна“, ноќеска 14 непочитувања на дозволената брзина

На 29.08.2021 во СВР Битола, 47-годишен маж од Битола пријавил дека околу 20.40 часот, додека бил во патничко возило „рено меган“ со битолски регистарски ознаки на ул.„Димче Лахчански“ во Битола со уште едно лице, залутано зрно удрило во предното ветробранско стакло. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 30.08.2021 во периодот од 06 до 09 часот на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 25 прекршоци, од кои 14 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и 11 за пречекорување на брзината надвор од населено место. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »