Press "Enter" to skip to content

Обука за корисниците на софтверот на вториот ден на неделата на енергетска ефикасност (фотогалерија)

Денес во Битола, во киното “Манаки“ продолжија активностите околу одржувањето на неделата на енергетска ефикасност која ја организира Општина Битола во рамки на проектот Подобрување на енергетската ефикасност кај објекти.Недела на енергетска ефикасност во Општина Битола, која започна вчера, а ќе трае до петок, а денес според агендата беше, вториот ден и се одржа обука за користење на софтвер за мониторинг на енергетската ефикасност во објектите.Денес на обуката се говореше за користење на софтверот во кој ќе бидат “сместени“ објектите кои се во сопственост на Општина Битола, кој ќе биде задолжителен во работата на установите под надлежност на Општина Битола.  Обуката ја одржа проф. д-р Игор Неделковски, од “Гаус институтот“ од Битола, кој го создаде софтверот за овој проект. Неделковски го запозна присутните за тоа како се користи софтверот, кои се објекти веќе се наоѓаат во него, кои се бенефитите од негово користење, како и што е потребно за да се користи овој софтвер.-Софтверот е создаден за во него да се снесуваат податоци за објектите кои се позврзани во енегретската ефикасност на објектите. За да се внесат потребните податоци, не лицетот кое ќе биде задолжено за тоа нема да му бидат потребни повеќе од 2-3 часа годишни, а така е направен да може да внесува податоци секое лице кои има минимално познавање на работа со компјутер. Покрај објектите во сопственост на Општина Битола, него ќе можат да се внесат и приватни објекти, а како и што носи наслов и самиот проект, бенефит ќе имаме сите, рече Неделковски.Модератор на денешниот ден беше Горан Неделков од Општина Битола, а на дискусијат која беше по обуката беше речено дека софтверот ќе биде од голема помош за сите и дека што поскоро треба во него на бидат внесени податоците и од таму да се “тргнува“ кога ќе се почнува реконструкција на некој објект. Проектот  “БЕНЕФИТ“, финансиран од Европската Унија и фондовите на земјите учеснички, во рамки на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за погранична соработка „Грција – Република Северна Македонија 2014-2020“.

More from ВестиMore posts in Вести »