Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: претепан на Баирот завршил на клиники во Скопје, малтретирана сопруга а во друг случај деца, сообраќајни контроли

На 30.08.2021 во СВР Битола, З.Б. (53) од Битола пријавил дека на 15.08.2021 кај место викано „Црквичето“ на Битолскиот Баир во Битола, бил физички нападнат, при што се здобил со  тешка телесна повреда и бил препратен на лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.08.2021 во СВР Битола, 47-годишна жена од Битола пријавила дека била физички малтретирана од нејзиниот сопруг на 47 години од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.08.2021 во СВР Битола, 38-годишна жена од село Беранци, општина Могила, пријавила дека З.Р.(48) од с.Беранци физички ги малтретирал нејзините деца. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.08.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, при што се преземени 53 мерки. Од вкупниот број на возачи кои ја пречекориле максималната дозволена брзина во населено место се 27, додека 26 други возачи ја пречекориле брзината надвор од населено место. Откриени се и 18 други прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »