Press "Enter" to skip to content

Прв училишен ден ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола, учениците се вратија во училишните клупи (фотогалерија)

Денес, на 1. сепрември, училишното ѕвонче, на го означи почетокот на учебната 2021/2022 година во ОУ “Св. Кирил и Методиј“, најстарото основно училиште во Битола, која ќе се одвива со посебни протоколи и мерки за заштита од ковид-19 за сите ученици кои ќе следат настава со физичко присуство.Возбуда и радост кај учениците на првиот ден од учебната година, а во “Св. Кирил и Методиј“, во Битола, пред влезот на училиштетето ги дочекуваа дежурни наставници и вработени кои им мереа температура и ги упатуваа да се дезинфицираат пред да влезат во својата училница, а со тоа се почитуваа протоколите за одвивање на настава со физичко присуство.Првиот училишен ден секако највозбудени првачињата и нивните родители. Наставничките ги пречекаа своите нови ученици. Учениците од првоодделение уште при уписот доаѓаа со маски и немаат некое искуство со нив, но сега ќе треба да држат растојание и носат маска додека учат.-Сите вработени во училиштето се наоѓаме пред големата одговорност да ги спроведеме и испочитуваме протоките за заштита. Информативни материјали се истакнати низ училиштето, за тоа каде треба и на кој начин да се движат учениците во училиштето. За таа цел двата влеза на училиштето се ставени во функција, за да се запази растојание за влегување и  излегување. Направен е и посебен распоред за секое одделение како ќе влегуваат, велат од најстарото училиште во Битола.-Денес, ги нема прегратките со првачињата кои ни недостигаат, но мора да се почитуваат мерките на заштита, но уште од првиот ден ќе ги насочуваме да почитуваат физичка дистанца, миење рачиња,  носење маски, ни кажаа за новата реалност наставничките во прво одделение, Лидија Поповска и Жанета Тошеска.Мирјана Лавуровска педагог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ ги поздрави родителите и учениците во името на директорот и наставничкиот совет посакувајќи им желба за добро здравје и успашна учебна година и изјави дека свечениот прием на првачињата се одвиваше по протоколите со дистанца и заради тоа изостана приредбата и прегратките кои најповеќе недостигаат.Психологот на училиштето, Жанета Ристевска, ги поздрави родителите и првачињата и им нагласи да одржуваат физичка дистанца, но да комуницираат и да ја одржуваат социјална комуникација со емпатија и со своите очи кои се огледало на душата на секој човек.На учениците им беа поделен материјали со советодавна содржина и насоки за социоемоционална поддршка на своите деца.Во подрачното училиште во с. Логоварди едно од најубавите подрачни училишта исто така започна учебната година со почитување на протоколоите и мерките за заштита од ковид-19.

More from ВестиMore posts in Вести »