Press "Enter" to skip to content

Фото вест: по година и пол учениците во Битола се вратија во школските клупи

Денеска во Бтола, со сите основни и средни училишта, по пауза од година и пол поради пандемијатам започнува школската година, и таа ќе биде со физичко присуство. Со учениците дојдоа и нивните родители, но само во школскиот двор, а оваа година нема да се одржи ни традиционалното добредојде за првачињата, со приредби и свечености.

Сите ученици во Битола, денес се враќаат во школските дворови, школските дворови, а џагорот на децата нема да биде вообичаен, бидејчи училиштата ќе работат според новите протоколи за присуство, а нив ќе ги спроведуваат наставниците и стручните служби во училиштата.

Ослободени од физичка настава може да бидат ученици со хронични и ретки болести, деца од семејства со хронични болести, по барање од родителите како и други немедицински причини, а со претходна дозвола од училиштето.

Училиштата беа затворени минатата година во март, на почетокот на кризата поради коронавирусот, и наставата продолжи онлајн. Почетокот на учебната година лани доцнеше еден месец. Минатата година само учениците од прво до трето одделение беа со дизичко присуство, додека останатите посетуваа настава он-лајн.

More from ВестиMore posts in Вести »