Press "Enter" to skip to content

Промоција на Христо Кондовски, кандидат за градоначалник на СДСМ за Битола

По објавувањети од страна на СДСМ дека кандидат за градоначалник на Битола ќе биде Христо Кондовски, тој денес на прес-конференција ја даде и првата изјава како кандидат за градоначалник, при што рече:-Почитувани сопартијци, почитувани медиуми, почитувани мои битолчани,

Ми претставува огромна чест и задоволство да се обратам денес од мојата партија како кандидат за градоначалник на нашата Битола. Да се биде социјалдемократ е определба, да се биде член на СДСМ е привилегија, да се биде кандидат за градоначалник од СДСМ за Општина Битола е огромна обврска. Во оваа прилика сакам најпрвин да се заблагодарам за довербата токму јас да го понесам епитетот кандидат за градоначалник на Битола од СДСМ. Одговорно тврдам дека ќе ја оправдам довербата и кандидатскиот статус ќе го преточам во градоначалнички мандат, вложувајќи ги сите мои професионални квалитети во мисијата Битола да ја направиме подобро и поубаво место за живеење.

Растејќи низ овие простории на општинската организација на СДСМ, како млад човек кој бара шанса да придонесе во партиските структури, и јас како и сите мои сопартијци го изградив карактерот согласно социјалдемократските вредности. Денес, после разни животни премрежја, професионални и лични предизвици, исправен сум пред нов, огромен предизвик. Со поддршка од сите вас, ветувам дека тој предизвик ќе го претворам во успех. Успех кој ќе донесе подобар живот за сите нас.

Како докажан и успешен менаџер денес застанувам пред вас со намера своите знаења, вештини, способности и контакти да ги ставам во функција на локалната самоуправа со цел Општина Битола да продолжи по патот на развојот и просперитетот со една забрзана динамика.Согласно со изборните правила, наскоро пред вас ќе ги презентирам и моите проекти и концепти за развој на градот. Во изборната програма што ќе ја понудам, вклучени се и сите сугестии, предлози, барања што моите сопартијци ги нотираа на теренските активности. Знам дека очекувањата на битолчани се големи и се насочени кон понатамошен просперитет на општината. Знам дека не чека многу работа, но да работам напорно- единствено така знам. 

Мојата намера е да обезбедам континуитет на она што е досега сработено во мандатот на почитуваната градоначалничка Наташа Петровска, но и да овозможам со уште повеќе работа тоа да се надогради и развива во посакуван правец за сите граѓани на Битола.

Ќе работам домаќински, одговорно и транспарентно, посветено и со љубов како што сите ние секој ден треба да работиме на обврската Битола да биде уште поубаво место за живеење.

Јас сум татко на три деца. Моето семејство живее тука, моите деца се школуваат во Битола. Мојот професионален ангажман беше во Битола, моите пријатели се тука, во Битола. Сакам на секој имот во Битола, на секој граѓанин, да му обезбедам додадена вредност во живеењето и одговорно тврдам дека уште во првите месеци од мандатот битолчани ќе го почуствуваат тоа.

Не се колебам да го ветам тоа пред битолчани затоа што сум убеден дека ќе успеам да ги остварам овие заложби. Заедно со вас, почитувани мои сопартијци, со вас почитувани битолчани, ќе продолжиме по патот на развојот, на просперитот и на бласостојбата.

СДСМ го има најдоброто за секоја општина!

More from ВестиMore posts in Вести »