Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: финансиски измами, приведување за напад на полицаец, свекрва нападнала снаа, го повредиле комшиски кучиња…

На 01.09.2021 во СВР Битола, двајца битолчани на возраст од 37 и 45 години пријавиле дека биле измамени од едно лице. Како што е пријавено, тие во повеќе наврати уплатиле  сума од околу 12.000, односно 20.000 денари кон одредена фирма со верување дека уплатува за трошоци за вработување во Германија, но и покрај тоа досега не им била понудена работа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 01.09.2021 во СВР Битола, Ѓ.Г. (43) од Битола пријавил дека непознат сторител зел три кредити на негово име и без негово знаење и согласнот. Според пријавеното, лицето зело околу 85.000 денари од повеќе финансиски друштва. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На  01.09.2021 во населба “Карпош“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 49 годишник од Битола затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 02.09.2021 во СВР Битола, Е.Б. од село Нижеполе, битолско, пријави дека во село Нижеполе бил нападнат од неколку кучиња сопственост на М.Б. од истото село, при што се здобил со повреди. Се работи на расчистување на случајот.   

На 01.09.2021 во СВР Битола, 38-годишна жена од Битола пријавила дека на ул.„Јанко Палигора” во Битола, по претходна вербална расправија, била физички нападната од нејзината свекрва. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 01.09.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 29 мерки против возачи, од кои 20 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и против 9 возачи за пречекорување на брзината надвор од населено место. Откриени се и 20 други прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »