Press "Enter" to skip to content

Со радост, музика и подароци дочекани првачињата од ромската заедница во ОУ “Ѓорѓи Сугарев“

Ранци со училишен прибор за сите првоодделенци во основното училиште “Ѓорѓи Сугарев” од Битола обезбедени од “Преда Плус“ фондацијата, преку проектот Баир – Заедничка акција за интеграција на Роми во Општина Битола. Доделувањето на ранците е дел од заедничката кампања за зголемување на бројот на запишани ромски деца во прво оделение и зголемување на бројот на ромски деца кои посетуваат основно училиште.

-Денешната активност е дел од предвидените 7 кампањи за подигање на јавната свест планирани да се реализираат во склоп на проектот Баир-Здружена акција за вклучување на Ромите. Кампањите за подигање на јавната свест ќе се реализират во наредните две и пол години опфаќајќи најразлични теми важни за социјална инклузија на ромското население во општина Битола (здравство, социјална заштита, пристап до јавни услуги и слично). Започнуваме со кампњата за образование, со што ќе се обидеме да дадеме придонес во зголемување на опфатот на ромски деца во образованието, изјави Даниело Божиновски, проектен асистент на проект Баир.Кампањата се реализира во соработка со Основното училиште „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола, „Сумнал“ – здружението за развој на Ромската заедница, образовните медијатори и Министерство за образование и проектот БАИР- Здружена акција на Битола за вклучување на Ромите, финасиски поддржан од Европска Комисија.

-Запрепастувачки се податоците од истражувањето на “Преда плус“ во населба Баир спроведено минататa година, а кои се однесуваат на образованието. Според податоците од ова истражување спроведено на 840 граѓани со ромска националност од населба Баир, во 2020 година во основно образование беа вклучени само 55% од школските деца во оваа населба. Средно образование посетуваат 24% , додека во претшколско образование се вклучени само 2%. Што се однесува до структурата на образование на ромскот населени во населба Баир 84% се без образование или неоформеноосновно образоване. Само 10% со завршено основно образование и 4% со со завршено средно образование, 2% со високо образование. 44% имаат пристап до интернет а само 15% комјутер или лаптоп, што дополнително го отежнува процесот на вклучување во образованието имајќи го фактот дека за време на пандемијата генерално наставата се одржуваше он лајн,  истакна Лидија Ангелкова од Преда плус Фондацијата.Сите запишани првачиња ги добија ранците и школскиот прибор, добија и подароци ваучери за бесплатно едногодишно членство во Националната установа Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола а спонзорите “Пелистерка“ и “Fruit & Vegetable Logistics“ се погрижија за првата здрава ужина на овој 1 септември.

More from ВестиMore posts in Вести »