Press "Enter" to skip to content

Необичен оглас, се продава куќа од 100 м2 и двор исто толку, за 17.000 евра

Што се случува со најопеаната, конзулска Битола, во која, нели, песната вели: ТАМУ СЕ ЖИВОТ ЖИВЕЕ?

Имено, сведоци сте, нашите секојдневни новинарски прошетки од “Дулие“ до “Довлеџик“ и од “Баиро“ до Тумбе Кафе доловуваат слики и моменти кои говорат нешто друго: не е Широк Сокак и кафичите целата лика и прилика за БАБАМ БИТОЛА!

Деновиве наидовме на интерес и необичен оглас за продажба на куќа која со своите 100-тина квадрати и уште 100-тина дворно место, на присој и сончевиот Баир, со за тоа место редок пристап за кола во дворот, ни рекоа дека се продавала за само 17.000 евра, а ни додадоа дека цената е колку за еден автомобил и се прашуваат како цената на куќите “паднале“ колку за една кола.

Ние, поради неверување, го побаравме телефонот а потоа и сопственикот (бидејќи куќата беше празна) и ни останува само да потврдиме тоа што чувме, прво од соседите а потоа и од газдата: да – цената е таа и толку!

Бидејќи телефонскиот број од разбирливи причини не го објавуваме, останува да се запрашаме: КОЈ ТОА (НЕ) ЖИВЕЕ… ТАМУ ДОЛУ БИТОЛА КАЈ ШТО ДРАГОР ТЕЧЕ?

More from ВестиMore posts in Вести »