Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: повреден малолетен сопатник на мопед, тепачка во угостителски објект, сообраќајни контроли

На 01.09.2021 во 13.37 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул „Апостол Здравевски“ и ул.„Буковска“ во Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од  51 годишно лице од Битола и мопед со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Битола. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од мопедот, а со телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.

На  03.09.2021 во СВР Битола, Д.Г. (39) од село Ерековци, прилепско, пријави дека во угостителски објект во Битола, лице од село Чепигово, прилепско, физички ја нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.09.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 44 мерки против возачи, од кои 29 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и против 15 возачи за пречекорување на брзината надвор од населено место. Откриени се и 10 други прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »