Press "Enter" to skip to content

Во аптеките на “Роса Вита“ – анатомски обувки “GREY“

“GREY“ е добро познат бренд на анатомски обувки со 50 годишна традиција која датира уште од 1971 година. По промената на сопственичката структура во 2018, “GREY“ започнува со нова и модерна ера на работење, каде фокусот останува на удобноста и врвниот квалитет на ортопедските обувки.

“GREY“ е познат по неколку безвременски модели на обувки кои се омилен избор на потрошувачите како работни и домашни чевли, но и како чевли за одмор. Покрај удобното анатомско лежиште, омилена карактеристика на “GREY“ е стабилноста и квалитетот на обувките.

Внимателно избраните материјали и традиционалниот начин на изработка се гаранција за издржливост.

“GREY“ обувките се првенствено наменети за луѓе кои не прават компромиси кога станува збор за здравјето, кои го ценат удобното одење и го поминуваат поголемиот дел од денот стоејќи на нозе.

Посебна карактеристика на “GREY“ анатомската влошка е структурата на воздушните комори кои овозможуваат амортизација при одењето. На тој начин не се оптоваруваат стапалата, болката се намалува, се отстранува чувството на замор во отечените нозе, давајќи чувство на леснотија по напорниот работен ден.

Аптеката “Роса Вита“ се наоѓа на влезот во Чаршијата, наспроти “Брза помош“.