Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево со мала до умерена облачност, утре дожд

Денес, сабота, 4 септември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето во Битола ќе биде сончево со мала до умерена облачност, утрото свежо, а преку ден нешто потопло. Ќе дува слаб ветер од јужен и југозападен правец. Температурата во Битола до 28 степени. УВ=7

Утре, недела, 5 септември, времето во Битола ќе биде променливо облачно, уште од раните утрински часови со локални врнежи од дожд, а преку денот можност и за поројни врнежи. УВ=4

More from ВестиMore posts in Вести »