Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: анафилактичен шок

Со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја  специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“, информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  д-р Васил Чипуровски зборуваше за анафилактичен шок, за што вели:

-Анафилактичен шок е животозагрозивачка состојба која настанува кај предиспонирани луѓе кон  на даден алерген (состојка во храна, убод од инсект, лекарство итн.) со последователна мултисистемска манифестација.

Во патогенезата кај предиспонирани лица (атопичари) кон даден алерген имаме масивна IgE реакција во серумот со неконтролиранана активација на анафилотоксините C3a C5a и масивна хистаминолиберација со мултисистемска алергична манифестација.

Клиничката презентација е брза со појава на оток на ларинкс со гушење и  бронхоспазми и отежнато дишење, нарушеност на свест сомнолентност до кома, срцебиење, појава на раш и оток по кожа, пад на крвниот притисок итн.

Лекувањето треба да е болничко-амбулантно со брза примена на и.в или и.м кортикостероиди, инфузиона терапија, антихистаминици, адреналин, аминофилин поставување на air way или интубација и кислородна подржка по потреба!