Press "Enter" to skip to content

Во Битола 9 нови позитивни на ковид-19, оздравени 8, хоспитализирани 25, починато едно лице

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 5.416 тестирањe, а регистрирани се 459 нови случаи на КОВИД-19, од кои во Битола се 9.

Регистрирани сe 368 оздравени пациенти, од Битола се 8.

До сега во Битола има 6.776 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 283 случаи.

На инфективното одделение во Битола бројката на хоспитализирани пациети се намали на 25, има само еден ново примен пациент, а 15 биле испишани.

Во изминатото деноноќие немаше починат пациент, а во амбулантата на инфективното имало 33 прегледи.

Пријавени се 21 починато лице, едно од Битола на возраст од 81 година, во болнички услови.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 94 и преку “Плодност“ 91 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.188.356 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 180.045, бројката на оздравени пациенти е 158.809, на починати е 6.065, а бројот на активни случаи изнесува 15.171.

More from ВестиMore posts in Вести »