Press "Enter" to skip to content

Во Битола 2 нови позитивни на ковид-19, оздравени 14, хоспитализирани 25 пациенти

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 2.558 тестирањe, а регистрирани се 199 нови случаи на КОВИД-19, од кои во Битола се 2.

Регистрирани сe 556 оздравени пациенти од нив од Битола се 14.

До сега во Битола има 6.778 лица кои биле или позитивни на ковод-19, а активни се 271 случаи.

На инфективното одделение во Битола бројот на хоспитализирани пациенти е 26 и само еден ново примен пациент, а бројот на прегледи во амбулантата 25 лица.

Пријавени се 32 починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 1.190.914 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 180.243, бројката на оздравени пациенти е 159.365, на починати е 6.097, а бројот на активни случаи изнесува 14.781.

More from ВестиMore posts in Вести »