Press "Enter" to skip to content

Леа Бошевска “сребрена“ во кик-бокс на Балканското првенство во Скопје (фото)

Викендов во спортската сала “Борис Трајковски“ Скопје се оддржа 15. Балканско првенство во кик-бокс на кое учествуваа 190 натпреварувачи од Балканот од 6 земји учеснички, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Србија, Турција и домаќинот Македонија во дисциплините лоу кик, К1 и кик лајт.

Првенството покрај претседателот Дејан Митровски – Урко го и отвори претседателот на Светската Кикбокс Федерација, Рој Бејкер со тоа што им посака среќа на спортистите и воедно го честиташе признавање на кикбоксот и маитаито како олимиски спортови и прием на кик-боксот како дел од спортската програма на Европските спортски игри 2023 година.На ова Балканско првенство се натпреваруваше и Леа Бошевска од кик-бокс клубот Самурај од Битола, и освои сребрен медал. На Леа ова и беше прво учество во сениорска конкуренција до – 50 кг. и за противник ја имаше турчинката Aдимјаман Афра која што е актуелен европски првак.

-Ова е мое прво учество на Балканијада во сениорска конкуренција, бидејќи досега настапував во младинските категории, а за моја среќа или несреќа “налетав“ на актуелниот европски првак, Афра. Секако дека противничката беше апсолутен фаворит, но тоа е спорт, противникот не се бира. Ново искуство во секој поглед, но и задоволство за освоениот прв сениорски медал, ни рече Леа Бошевска, која продолжува со тренинзите и на останатите репрезентативни настапи, како и на домашните државни првенства.Тренери на Леа во кик-бокс клубот тренери и се нејзините родители, Тони Бошевски и Гордана Цветковска Бошевска.

На оваа Балканијада Битола имаше уште еден претставник, а тоа е Гордана Цветковска – Бошевска во својство на меѓународен судија, а интересно е тоа што таа и  судеше и на Леа.

More from СпортMore posts in Спорт »