Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: омаловажување на полициски службеник и сообраќајни контроли

На 06.09.2021 на ул.„Батаљон Стив Наумов” во Битола, 28 годишник од Битола се однесувал агресивно и омаловажувал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 05.09.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 74 мерки од кои 45 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и против 29 возачи за пречекорување на брзината надвор од населено место. Откриени се и 20 други прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »