Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: разочарување – непријатно чувство, но корисно

Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола.

Како да ги регулираме ги емоциите што се јавуваат како резултат на разочарување.

Разочарувањето  е емоција. Помалку пријатно или непријатно чувство, но исто така  корисно. Настанува оној момент кога сфатиме (увидеме) дека нашите очекувања не се реални, дека во реалноста се случува нешто друго. Разочарувањето е незадоволство, што е само потврда дека целите кои сме ги поставиле и желбите чиј исход не бил онаков каков што сме очекувале и замислувале.

Очекувајќи совршено “прав пат“ кон некоја цел, наидуваме на “кривини“ или препреки. Надевајќи се на успех скоро сосема сигурни дека правиме баш како што би требало. Сите ние различно реагираме на разочарување. Последица на разочарувањето е бес, сум очекувал- не сум добил она што сум посакувал!

Потоа следува порекнување на се она што сме посакувале додека очекуваме, па дури и депресија, бидејќи не е лесно да се прифати разочарувањето и да се соочиш со пораз, што во суштина и разочарувањето е.

Краен исход на ситуацијата, очекувања и разочарувања. Некои луѓе се повлекуваат во себе, се обидуваат да се ослободат од непријатните емоции и на тој начин да го совладаат разочарувањето.Важно: регулирајте ги емоциите што се јавуваат како резултат на разочарување!

Соочени со разочарување, се појавуваат емоции поврзани со тага, страв, гнев или фрустрација. Важно е да научиме да ги идентификуваме, да ги искусиме и да ги регулираме на здрав начин за да не станат хронични или да се свртат против нас. Исто така, потребно е да си го дадеме просторот за плачење и ослободување на гневот што се случило пред неочекуваната состојба.

Треба да сме свесни дека  емоциите се дел  од нас, со самото тоа и дел не секој наш ден, па и живот, не можеме да ги игнорираме, ниту да ги сокриеме, би требало да научиме како да ги контролираме, емоциите ни се алатка во животот, а не оружје кое не остава беспомошни. Исто така, мора да ги вербализираме своите чувства пред доверлива личност, и доколку е потребно, со лицето кое го сторило “прекршокот“ за да ги разбере нашите емоции.

Ричард Бендлер еднаш рекол, „За разочарувањето потребно е соодветно планирање“.  Токму оваа мисла допира до една многу важна вистина за падовите кои може да се појават од одредени очекувања во животот.

Кај очекувањата е важно да поставиме граница помеѓу надежите и реалните случувања. Нереално е да очекуваме дека еден ден ќе ни се појави принц на бел коњ или дека шетајќи се ќе наидеме на вреќа полна пари од која ќе се препнеме. Значи важно е да имаме контрола и одговорност за избор на целта! Соврешениот партнер постои, само нема да дојава на бел коњ, туку потребно е внимателно да гледате, слушате додека го одбирате. Успех, пари и богатство не се недостижни и неможни. Потребно е да знаете по кој пат треба да се оди, за да стигнете до сето тоа. Сепак треба да знаете да пронајдете задоволство во она што сме  постигнале.Заклучок: гледајте на  разочарувањето како учење

Откако ќе помине вртлогот на емоции што ги почувствувавме како разочарување, важно е да извршиме самоиспитување или интроспекција. Разочарувањето исто така нè потсетува дека односите постојано се менуваат и дека мора да прифатиме неконтролираност од нив, како и однесувањето на оние околу нас. Ако сте се разочарале во личност, Разочарувањето исто така нè потсетува дека односите постојано се менуваат и дека мора да прифатиме неконтролираност од нив, како и однесувањето на оние околу нас.

Обидете се повторно верувајте им на луѓето. Постојат разочарувања што се толку болни што имаме чувство дека никогаш повеќе нема да можеме да веруваме во никого и како заштита, ризикуваме да станеме недостапни, недоверливи, параноични или нефер кон луѓето околу нас.

“Ни требаат луѓе во нашите животи со кои можеме да бидеме што е можно поискрени. Да се ​​има вистински разговор со луѓе се чини дека е толку едноставен и очигледен предлог, но потребно е храброст и ризик“, Томас Мур.

Разочарувањата не се лоши за сите нас. Тие се само емоции кои ќе пројдат, а се последица на  недоволно цврсти (силни) и несериозни очекувања. Емоцијата која треба да ни дава ветар во грб за понатамошни вложувања и залагања.