Press "Enter" to skip to content

Фото вест: со засадување дрвја и цветни аражмани се заокружи реконструкцијата на “Рузвелтова“

Денес, започнаа последните активности на улицата “Рузвелтова“ во Битола, на потегот пред Поштата во Битола, каде се засадуваа дрвја на улицата и се засадуваа цветните аражмани. Претходно се постави и урбаната опрема на улицата, клупи и корпи за отпадоци. Наместо боровите кои беа засадени на оваа улица, сега се засадија украсни дрвја сорбуси.

Претходно се изведе целосна реконструкција на водоводната и канализационата мрежа, а по поставување на сите инсталации за струја, интернет и телефонија улицата се поплочи со гранитни плочки, а дизајнот на улицата се надополни со гранитни коцки. Вкупната вредност за реконструкцијата изнесува повеќе од 11 милиони денари.

Паралелно се работи и на улицата од Стопанска банка до улицата “Никола Тесла“, под паркингот, која се извадија сите материјали и сега се поплочува со гранитни плочки и со тоа ќе се заокружи овој дел од центарот на Битола.

 

More from ВестиMore posts in Вести »