Во последните 24 часа се направени 6.425 тестирањe, а регистрирани се 682 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Битола се 31.
Регистрирани сe 1.031 оздравени пациенти од нив од Битола се 13.
На инфективното одделение во Битола на пациенти кои се лекуваат е 24, а примен бил само еден нов пациент, а тројца биле испишани. Во амбулантата на инфективното имало 48 прегледи.
До сега во Битола има 6.809 позитивни лица на ковод-19, а активни се 289 случаи.
Пријавени се 32 починати лица, нема од Битола.
Направени се преку ЦЈЗ Битола 84 и преку “Плодност“ 110 ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.197.339 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 180.919, бројката на оздравени пациенти е 160.396, на починати е 6.129, а бројот на активни случаи изнесува 14.394.