Press "Enter" to skip to content

Од утре продажба на влезници за првото коло од Супер ракометната лица, цена 100 денари

РК Еурофарм Пелистер од Битола ги отвора вратите на спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола за своите навивачи и симпатизери на почетокот на сезоната 2021/22.

Од утре (среда 08.09.2021) во 12:00 започнува продажбата на билети на веб страницата – https://kartieurofarm.mk за натпреварот од првото коло на Суперлигата меѓу Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2, закажан за в четврток во 17:00 часот. Од 14:30 часот на билетарницата на спортската сала ќе започне заверувањето на веќе купените билети.

Според најновите мерки на владата, дозволено е присуство на 30% од капацитетот на спортската сала. Секој заинтересиран за купување на билет мора да поседува вакцинален сертификат или потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, од денот на оздравувањето, и лична карта.

Цената на билетот изнесува 100 денари. Се молат навивачите да дојдат порано пред почетокот на натпреварот во спортската сала „Боро Чурлевски“, бидејќи вратите ќе бидат затворени во 16:45 часот.

More from ВестиMore posts in Вести »