Press "Enter" to skip to content

Пелистер во АБА 2 лигата стартува на 10 октомври, не се знае каде ќе биде првиот “балон“

Во новата сезона на АБА 2 лигата, дел од регионалното натпреварување ќе биде и Пелистер од Битола, кој ја прифати понудата од организаторите, а веќе е познато дека и оваа сезона во АБА2 лигата ќе се игра со неколку турнири од затворен систем, таканаречени “балони“ и Пелистер веќе може да си ја планира сезоната во регионалното натпреварување, како и за настапите во Првата лига.

Иако уште не е официјализиран списокот со тимови учесници, се знаат термините за одигрување на натпреварите од АБА2 лигата. Предвидени се пет „балони“, на кои ќе се одиграат 2-3 натпревари за секоја екипа, а дали ќе има “балон“ и во Битола не се знае.

Првиот „балон“ ќе се игра од 10 до 14 октомври, вториот е на програмата од 8 до 11 ноември, третиот од 13 до 19 декември, четвртиот од 17 до 23 јануари, а последниот од 21 до 27 март. Ова значи дека само во февруари нема да се играат натпревари од АБА2 лигата.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »