Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: физички напади во “Карпош“, на “Дебарска“ и “Кленовец“ и врз сопруга, нарушен јавен ред и мир, сообраќајни контроли

На 06.09.2021 во СВР Битола, М.К.(60) од Битола пријавил дека во нас.Карпош тој и А.К. (24) биле физички нападнати од 34 годишник од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.09.2021 во СВР Битола, 28 – годишна жена  од Битола пријавила дека нејзиниот сопруг физички ја нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.09.2021 во СВР Битола, Р.М. (21) од Битола пријавил дека на ул. „Дебарска“ во Битола физички бил нападнат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.09.2021 во СВР Битола, З.П. од Битола пријавил дека на улица „Кленоец” во Битола бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.09.2021 во СВР Битола, Е.К. (66) од Битола пријавил дека соседот А.И. (55) на ул.„Цветан Димов“ во Битола го нарушувал јавниот ред и мир. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 06.09.2021 во периодот од 10.00 до 15.00  на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за прекршоци кои ги прават возачите на мотоциклии велосипеди, при што биле преземени 29 мерки против возачи на мотоцикли и пет мерки против возачи на велосипеди. Откриени се и 12 други прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

На 06.09.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 54 мерки против возачи, од кои 22 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и против 32 возачи за пречекорување на брзината надвор од населено место. Откриени се и 17 други прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »