Press "Enter" to skip to content

Во Битола претставени двете засилувања во Еурфарм Пелистер 2, Ѓоргоски и Димитровски

Битолски Еурофарм Пелистер 2 официјално денес, го претстави Емилијан Ѓоргоски, кој во новата сезона ќе игра за најмладиот суперлигаш. 19-годишниот Ѓоргоски доаѓа од Голден Арт и се обрврза на договор на три сезони. Тој по ставањето на потписот на новиот договор во Битола рече:-Овој предизвик го одбрав, бидејќи повторно сакав да играм во Суперлига, наместо да се вратам во Првата лига. Затоа и го напуштив Голден Арт КЛ7. Еурофарм Пелистер ми понуди добар договор и добри услови и спремен сум да дадам сè од себе да влеземе во разигрувањето. Засега сум презадоволен од овој предизвик. Турнирот во Прилеп го одигравме максимално и спремни сме за Суперлигата. Се надевам дека ќе влеземе во плеј-офот“, вели стружанецот.Своето деби во новиот клуб, Ѓоргоски ќе го има в четврток од 17:00 часот против Еурофарм Пелистер. Како големо изненадување минатиот месец одекна веста за потпис на Димитар Димитриоски во Еурофарм Пелистер 2 и тоа како среден бек. Сепак, по добро одбработените подготовки и неколку тест натпревари, прилепчанецот добро се снаоѓа во новата средина. На денешното официјално претставување по неговиот потпис на едногодишен договор со Еурофарм Пелистер 2, Димитриоски рече:-Мило ми е што сум тука во Битола. Еурофарм Пелистер има големо реноме во македонскиот клупски ракомет. Првите импресии се дека имаме одлична млада екипа, со дел искусни играчи. Мислам дека добро ќе напредуваме во текот на целата сезона и ќе го оствариме тоа што го зацртавме. Ние сме спој на младост и искуство. Имаме 3-4 поискусни ракометари. Одигравме неколку добри тест натпревари, претрпевме два порази, од Пролет и од Дубочица. Треба да играме борбено и доколку ги следиме сите задачи на тренерите нема да промашиме и ќе го оствариме тоа што се бара од нас.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »