Press "Enter" to skip to content

Денот на независноста, 8. Септември, ВМРО-ДПМНЕ го прослави во Битола (фото)

ВМРО-ДПМНЕ вечерва на плоштадот „Магнолија“ во Битола го одбележа и прослави Денот на независноста, 8-ми Септември. Пред членовите и симпатизерите на партијата, лидерот Христијан Мицкоски истакна дека наместо на дебели црвени килими во Скопје, одлучил да слави со народот во Битола.-Имам должност да кажам зошто денес прославуваме 30 години независност токму во Битола. Денес сме тука затоа што сакаме да направиме паралела со сето она што се случува во ова наше тешко реално политичко секојдневие. А, таа паралела не сакаме да биде иста со онаа паралелна прослава на владата затоа што ВМРО – ДПМНЕ не учествува на паради кои ги прави власта и кога на власта и поедноставно и поудобно да ги гази дебелите килими во Собранието. На ВМРО – ДПМНЕ и е поудобно да биде во Битола заедно со народот, посочи Мицкоски.

Според него, овие 30 години земјава ги разочарала основачите на независноста.-Затоа можам со горко чувство и со тага во мене да соопштам дека овие 30 години ги разочаравме основачите на независноста на државата. Не го исполнуваме како држава во целост нивниот завет. А зад ова што го говорам е чувството дека по малку, чекор по чекор се губи државата. А работите се вртат во еден ист круг. И не ми е целта да правам лов на виновници за тоа, сите вие добро знаете што се случуваше овие 30 години и кој и што направи, туку целта ми е да посочам дека мора да дојде крај на вртењето во еден ист затворен круг и да се направат големи исчекори напред, рече Мицкоски.На собирот кој се одржа под мотото „30 години се грижиме за Македонија“, Мицкоски ги најави целите на партијата за наредниот период.-Сонувам за големи работи за нашата Македонија и не е доволно само човек да сонува туку и да работи за остварување на тој сон, а јас сум подготвен за тоа. Нашата цел во следните 30 години мора да биде да влеземе во првите 15 економии во Европа и да постигнеме стандард како една Австрија, економијата да расте со просечни 5-6 проценти годишно. Нашата нова цел мора да биде да влеземе како македонци во Европската унија со наш идентитет и зачувани традиции, да бидеме на масата на рамноправните и одвнатре да се бориме за нашите права, и не само влез во ЕУ туку и уривање на границите меѓу земјите и влез во Шенген зоната, рече Мицкоски.

More from ВестиMore posts in Вести »