Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: по предизвикан пожар упатени закани, во стан најдено починато лице, пронадени стара бомба и граната

 
На 07.09.2021 околу 03.15 часот во СВР Битола било пријавено дека во Битола бил предизвикан пожар во барака сопственост од И.В. (30) кој во тој момент бил внатре со неговото семејство по што истите го изгаснале пожарот. Подоцна две лица се упатиле кон домот на сторителот каде со остри предмети му упатиле закани, при што едното лице со дрвен предмет скршил прозор од објектот. Известен е јавен обвинител. Увид на лице место извршила екипа од СВР Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 07.09.2021 во СВР Битола било пријавено дека околу 18.30 часот П.М. (49) и Н.М.(77) двајцата од Битола, во присуство на полициски службеник од СВР Битола во стан во Битола сопственост на Д.П. (70) ја пронашле почината. Смртта била констатирана од доктор на итна медицинска помош. По наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција. Увид на лице место извршила екипа од СВР Битола.
 
На 07.09.2021 во 09.50 часот во СВР Битола, Љ.С. пријавил дека пронашол една рачна бомба од периодот од двете светски војни во река над с. Ниже Поле,битолско. За настанот известен е пиротехничар кој безбедно ја подигнал бомбата.
 
На 07.09.2021 во 11.16 часот во СВР Битола, Ц.М. пријавил дека во плац за мермер во Битола пронашол стара артилериска граната со кал.75 мм од првата светска војна. За настанот известен е пиротехничар кој безбедно ја подигнал гранатата.
More from ВестиMore posts in Вести »