Press "Enter" to skip to content

Со полагање цвеќе на споменикот на Револуцијата во Битола, одбележан 8. септември, Денот на независноста (фото)

Со полагање свежо цвеќе пред споменикот на Револуционерната борба кај Центарот за култура во Битола, од страна на градоначалничката на Општина Битола – Наташа Петровска, делегации на Советот на Општина Битола, делегација на СДСМ од Битола, на Сојузот на борци и на политичката партија ПОДЕМ, денес се одбележа 8. Септември, Денот на независноста на Македонија.По повод големиот празник, градоначалничката на Општина Битола – Наташа Петровска им го честита празникот. 8 Септември на сите граѓани на општина Битола, како и на цела држава по повод независноста на државата.-Независноста на нашата мисла, независноста на нашето делување, независноста на нашата визија, независноста во она што можеме да го направиме во нашето секојдневие, како допринос на она што значи надоградување на вредностите, кои што можеме да ги дадеме во општеството. И тоа е наша должност, нешто кое што треба да биде наше секојдневие, рече Петровска. Делегацијата на Советот на општина Битола ја предводеше советникот Борче Корлевски, која заедно со советничката Биљана Поповска, положи цвеќе на споменикот на Револуцијата.Во име на партијата СДСМ од Битола, цвеќе положи претседателот на ОО на СДСМ од Битола, Златко Ќурчиевски, заедно со пратеничката во македонското собрание Бисера Стојчева – Костадинова и кандидатот за градоначалник од СДСМ.Кандидатот за градоначалник Христо Кондовски им го честита денот на независноста и им посака на сите битолчани просперитет во иднина, и рече ако некогаш со распадот на Југославија, борбата за македонска сувереност се водеше со многу тензии, денеска таа борба ја водиме со посветено работење на развојот на нашето општество во сите области на живеење и работа. Токму во тоа ја гледам мојата улога во однос на Битола – преку агресивни менаџерски практики да обезбедам забрзан општествено економски развој.  Во име на патријата ПОДЕМ, цвеќе положи Николче Јанкуловски, а цвеќе положи и делагација на Сојузот на борци од Битола, а во има на локалниот клуб на млади на СДСМ Петар Николовски.На 8. септември 1991 година, на спроведениот референдум македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.Химната на македонската држава ја изведе градскиот дувачки оркестар, членовите имаа и кратка уметничка програма.

More from ВестиMore posts in Вести »