Press "Enter" to skip to content

Битолчанецот Мирко Ивановски промовиран како фудбалер на Динамо од Букурешт

Поранешниот играч на Пелистер од Битола, и македонски репрезентативец, Мирко Ивановски, денес беше промовиран како нов фудбалет на Динамо од Букурешр, откако  потпиша нов договор.

Ивановски во Романија доаѓа за да го засили нападот на Динамо, а на денешната прес конфереција во Букурешт, кратко  рече:

-Искрено можам да кажам дека многу, многу сум среќен што потпишав за Динамо, зашто знам дека е еден од најголемите клубови во Романија, гигант не само во романски, туку и во европски рамки, клуб со огромен број на навивачи. Се враќам во Романија после седум години и среќен сум.

Димано ќе биде трет негов романски клуб во кариерата, откако претходно играше за Клуж и Астра Џурџу, а таму дојде по две сезони во дресот на унгарски Диосѓер.

Родениот битолчанец по заминувањето од Битола играше и за Хајдук и Славен Белупо во Хрватска, турски Болуспор, потоа за Видеотон, сегашен МОЛ Фехевар во Унгарија и за Славија Прага. Тој беше македонски репрезентативец во периодот од 2010 до 2015 година и има 27 настапи за А-тимот, а претходно беше дел од сите младински национални селекции.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »