Press "Enter" to skip to content

Нов простор за одмор и рекреација добија жителите на МЗ “Борис Бастерот“

Просторот е комплетно опремен со детски реквизити и клупи, со што истиот може да се користи како од учениците од ОУ “Даме Груев“ од Битола, така и од малите деца и возрасните од овој дел на градот. Општина Битола за реализација на овој проект инвестираше 1.013.915 денари.Новото детско игралиште со опремата за забава на деца кај училиштето “Даме Груев“, е едно од седумте нови детски игралишта, кои се дел од проектот Еко офанзива 2, во рамките на кој во завршна фаза се и парковите кај хотел “Битола“ и УЗ “Кочо Десано“, а пред потпишување се договорите за изведба на детски игралишта на четири нови локации.

More from ВестиMore posts in Вести »