Press "Enter" to skip to content

Повеќе оздравени (12) од нови позитивни (5) во Битола, хоспитализирани 17 пациенти, 1 починато лице

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 2.778 тестирања, а регистрирани се 256 нови случаи на КОВИД-19, во Битола се 5.

Регистрирани сe 545 оздравени пациенти од Битола се 12.  

До сега во Битола има 6.828 лица кои биле или се позитивни на ковид-19,  а активни се 274 случаи.

На инфективното одделение во Битола денес има 17 пациенти, 9 испишани пациенти и само 1 ново примен. Бројот на прегледи во амбулантата е 35.

Пријавени е 31 починато лице, едно починато лице од  Битола на 81 годишна возраст.

Направени се преку  ЦЈЗ Битола 32 и преку “Плодност“ 40 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.206.597 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 181.875, бројката на оздравени пациенти е 162.060, на починати е 6.184, а бројот на активни случаи изнесува 13.631.

More from ВестиMore posts in Вести »